Многу редок случај: Адвокатка објаснува како Жизел и Том се разведоа за само еден ден

Том Брејди и Жизел Бундешен / Фото: EPA

Разводот на Жизел Бундшен и Том Брејди, кој и двајцата го потврдија, наиде на големо неверување бидејќи манекенката и спортистот важеа за идеална двојка. Можеби тоа и беа одредено време, но на љубовната приказна ѝ дојде крајот. Она што исто така предизвика голем шок е брзината со која се разведоа.

Поранешниот пар се развел истиот ден кога било поднесено барањето за разводот, пишува „Пипл“. Документите за развод биле поднесени во петокот наутро и набргу потоа биле одобрени од судијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)


Брзите разводи се многу ретки, а нивната процедува ја објасни адвокатката Жаклин Њуман од Њујорк.

„Тие веќе склучија договор за спогодба, кој обично вклучува и финансиски прашања и прашања за старателство“, рекла таа, додавајќи дека пред да дојдат на суд, поранешните партнери веќе ги решиле прашањата поврзани со старателството и алиментацијата.

Откако парот ги договорил условите за развод, судијата морал да донесе конечно одобрение.

„Откако парот ќе се договори за сѐ, судијата го разгледува договорот и го одобрува. Постојат ситуации во кои судиите ја отфрлаат спогодбата, обично во случаи за издршка на деца. Но, тоа ретко се случува, и обично ако издржувањето е спорно. Но, тоа очигледно не е проблем овде“, истакнала Жаклин Њуман.

Адвокатката истакнала дека Жизел и Том цело ова време работеле на условите за спогодбата, како и дека одлучиле да го поделат старателството над децата. Ова прво значи дека се точни гласините за нивното раскинување кои кружат со месеци, како и дека поранешната двојка одамна не живее заедно, односно дека во нивниот однос постојат проблеми подолго отколку што се мислеше.

„Изминатите неколку дена, мојата сопруга и јас се разведовме по 13 години брак. До оваа одлука дојдовме спогодбено, благодарни за времето што го поминавме заедно“, напиша Брејди на Инстаграм.

Потоа се огласи и Жизел: „Одлуката да се прекине брак никогаш не е лесна, но ни есе разделивме и иако, се разбира, тешко е да се помине низ вакво нешто, благодарна сум за времето што го поминавме заедно и му посакувам само најдобро на Том, засекогаш“.

„Беше болно и тешко“: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа

Маненкенката се пофали дека е во среќен брак, но Брејди обелодени: Две години се бориме да спасиме што може да се спаси!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот