Маненкенката се пофали дека е во среќен брак, но Брејди обелодени: Две години се бориме да спасиме што може да се спаси!

Instagram
Фото: Инстраграм

Том Брејди, познатиот спортист и сопруг на супермоделката Жизел Бундшен гостувајќи во емисијата на Хуард Стрн откри детали поврзани со својот брак со бразилската манекенка, истакнувајќи дека со  Жизел веќе две години се во несреќна брачна заедница.

Доколку го погледнете нивното однесување на социјалнте медоуми, ќе добиете сосема спротивен впечаток.

Том, Жизел и нивниот син Бенжамин / Фото: Инстаграм

– Пред неколку години беше незадоволна зашто сметаше дека јас не го извршувам својот дел од работата поврзан со семејството. Тврдеше дека мене единствено ме интересира фудбалот, дека никогаш не сум присутен и дека грижата за куќата, децата и семејството паднала само на неа. Јас не обрнував многу внимание на тоа и кога одев на тренинг или подготовки ми поставуваше прашање како на пример – добро, а кога ќе ги завршиш работите дома, или – кога ќе ги носиш децата в училиште, изјавил Брејди.

Жизел и децата го бодрат Том Брејди на Супербол / Фото: Инстаграм

Пред еден месец, на 18 март годинава, Том соопшти дека ја напушта НФЛ лигата. Откако поради семејството го напушти професионалното бавење со спорт, Брејди се чувствувал незадоволно и ѝ замерувал на Жизел поради таа одлука, но до точка на вриење дошло кога таа му напишала писмо во кое му соопштила како се чувствува во брак.

– Ми напиша писмо кое го чувам и постојано го читам, во кое меѓу другото ми кажа дека тоа што било добро и што функционирало пред десет години, нема да функционира добро понатаму зашто сме тргнале по различни патишта, рече Брејди, истакнувајќи дека писмото е тешко и срцепарателно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот