Млада ресенчанка со „Голф“ сакала да гази полицајци на селски пат
35-годишна жителка на Ресен, која возела автомобил „Голф“ минатата недела не застанала на знак за запирање кој ѝ го дале полицајци и се обидела да ги прегази со автомобилот, соопшти МВР.
Препорачано
Оттаму информираат дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднела кривична пријава против П.Н.(35) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
„На 14.02.2023 на патниот правец Маркова Нога-Макази, во близина на с.Грнчари, пријавената со патничко возило „Фолксваген Голф” не застанала на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото се обидела да ги удри полициските службеници“, велат од полицијата.
За делото за кое ќе се гони младата ресенчанка е предвидена максимална казна од пет години затвор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


