Млад човек пронајден мртов во штипско, на телото имал прострелна рана

Во атарот на штипското село Пиперово попладнето е пронајдено тело на млад маж. Според првичните информации, на телото има прострелна рана. Полицијата истражува што се случило и дали се работи за убиство.

Од СВР Штип потврдуваат дека пронајденото тело е пријавено околу 16 часот, а вечерва на местото увид вршат полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се најавуваат за утре. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот