Мизрахи-Сахакиан: Грижата за ранливите категории и креирање нови работни места, приоритет во заедничката соработка

Партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП, посочила Сахакиан, е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори што се од јавен интерес.

Грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето нови работни места, се заедничките приоритети во соработката, потврдија на денешната средба министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан.

Партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП, посочила Сахакиан, е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори што се од јавен интерес.

Во таа насока,  соопштија од Министерството за труд и социјална политика, постојаната претставничка на УНДП ги потенцирала програмите од Оперативниот план за вработување во кои се тие вклучени и кои веќе и јавноста ги препознава, како што се програмите за самовработување и за општинско корисна работа, а во моментов се вклучени и во процесот на деинституционализација во Бања Банско.

Исто така, преку Швајцарската агенција за соработка учествуваат и во проектот со кој се поттикнува вработливоста на ранливите категории.

Министерката Мизрахи се заблагодарила на поддршката што ја пружа УНДП преку вклучување во овие програми, и истовремено ги презентирала нејзините планови и програми што се во насока на поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории на граѓани за кои и понатаму ќе биде добредојдена секоја поддршка.

Според неа, процесите на подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита се постојани процеси на кои треба трпеливо и макотрпно да се работи затоа што само на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од својата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот