Фото: Слободен печат

Мисајловски за модернизацијата на АРМ, Деановски за нереализираните барања на илјадници вработени во јавната администрација! Утре во „Слободен печат“

Како тече процесот на модернизација на Армијата, каков е новиот пакет за воена помош за Украина во утринската емисија „Слободен печат“ зборуваме со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој зборува и за идните наши предизвици со членството во НАТО.

Владата признава дека платите во јавната администрација се премногу ниски, но не го оправдува нивниот протест и барањето за додаток од 30 проценти и нови колективни договори. Протестите на администрацијата што ги организира Синдикатот на УПОЗ ги нарече политички мотивирани па го повика синдикатот на дијалог за платите во Економско социјалниот совет. Синдикалците кои протестираат деновиве од повеќе министерства и државни институции тврдат дека се дискриминирани во однос на колегите од финансии, здравство и образование. За протестите, за обвинувањата и за нереализираните барања на илјадници вработени во јавната администрација кои живеат со просечна плата од 29.000 денари разговараме со претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Водици на 19 јануари го прославуваме како еден од позначајните христијански празници. На овој ден традиционално свештениците фрлаат крст во река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Ги прашавме граѓаните дали го прославуваат овој празник и дали досега учествувале во оваа традиција.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот на утро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот