Мирко Петровски: Мицкоски дојде во теретаната за да си ја земе опремата

Мирко Петровски, сопственикот на теретаната каде вежба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека со Мицкоски се сретнале во теретана за тој да си ја земе опремата и да ја усогласат програмата за тренинг и исхрана.

„Почитувани пријатели,
Почекав да помине лудилото кое вчера го зафати дел од медиумскиот простор и во врска со написите со мојата теретана кој е личен мој бизнис кој го работам со децении и преку кој егзистирам јас и моето семејство, во тој контекст сакам да го истакнам следното.
Со Христијан Мицкоски или како што го нарекувам профа се знаеме од мали нозе, и тоа пријателство никогаш не се поврзувало со политика која мене не ме интересира. Тој како и многу мои пријатели вежба во мојата теретана се до почетокот на заразата со корона, каде јас како и многумина од оваа бранша ставивме клуч на врата. Но тоа не значи дека моите контакти престанаа. Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да го усогласиме програмот за исхрана и тренинг. И по 30-40 минути си замина. Од тоа одредени медиуми направија тема, дека сум работел, дека се вежбало и слично, без да ме прашаат за вистината која сега ја пишувам. Мојот телефон и секогаш јас како човек сум бил отворен за соработка и тоа го знае секој кој ме познава, така и ќе продолжам. А тие кои неосновано пишуваа за мојата теретана очекувам да објават јавно извинување, во мера и обем како претходно објавената невистина. А до сите останати, а вклучително и профа, по пандемијата, се гледаме на тренинг. Поздрав!“, напиша Петровски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот