Mиовски по еден месец повторно остана без тренер во Абердин

фото: afc.co.uk

Тимот на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски денеска се пласираше во полуфиналето на шкотскиот куп, но по овој натпревар Абердин остана без тренер.

Имено, Нил Ворнок кој во клубот пристигна како привремено решение пред еден месец доби отказ иако Абердин беше подобар од Килмарнок со 3:1. Ворнок на клупата на Абердин пристигна на почетокот на оваа година, но освен со пласманот во полуфиналето не успеа да се пофали со некој подобар резултат.

Во првенството Абердин е пет натпревари без победа, додека на последните три и беа поразени. Како можен наследник медиумите го поврзуваат Нил Ленон кој во 2021 година го водеше Селтик.

Иако Абердин игра сезона под очекувањата, Миовски сезонава е голгетерски расположен и на 42 натпревари во сите натпреварувања постигна 22 гола.

Mиовски: Никогаш не знаете што носи иднината, ова ми е најдобра сезона во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот