Mиовски: Никогаш не знаете што носи иднината, ова ми е најдобра сезона во кариерата

Фото: Aberdeen FC

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски има одлична сезона во дресот на Абердин и привлече внимание од многу екипи, па на Абердин ќе му биде тешко да го задржи во летниот преоден рок.

Договорот на Миовски со Абердин е со важност уште две години, а македонскиот напаѓач сега истакна дека е среќен во клубот, но потенцирајќи дека никогаш не се знае што носи иднината не ја исклучи можноста и за заминување.

„Со Абердин имам уште две години од договорот, но во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи следно. Го сакам клубот и тоа им е јасно на сите околу мене. Сезонава ќе ми биде најдобра во кариерата ако гледаме индивидуално, но сакам и да помогнам тимот да има подобри резултати“, изјави Миовски за клупскиот сајт на шкотскиот им.

Во дресот на Абердин Миовски сезонава одигра 41 натпревар во кои постигна 22 гола и подели четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот