МИОА: Не е направена дискриминација во обезбедување помош на медиумите погодени од кризата

Со овие уредби, МИОА подвлекува дека се покриваат сите трошоци кои сите радиодифузери ги имаат кон соодветните регулатори, во зависност од видот на лиценцата којашто ја поседуваат.

Во однос на најавениот штрајк од страна на членките на здружението „Медиум објектив”, Министерството за информатичко општество и администрација денеска соопшти дека не е направена селекција и дискриминација во обезбедувањето на помош на медиумите погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.

Според МИОА, како потврда за тоа се следните аргументи: АВМУ ги ослободи сите радиодифузери од давачките за дозвола за емитување кон Агенцијата за оваа година, а Владата обезбедила средства од Фондот за борба против последиците од кризата со коронавирусот, со кои се покрија трошоците за емитување на дигитален сигнал, односно трошоците за мултиплекс, за сите радиодифузери (национални, регионални и локални).

Како што наведува во соопштение, Владата подготвила уредба со која радио станиците би се ослободиле од обврската за плаќање на годишниот надоместок за користење на фреквенции кон Агеницијата зе електронски комуникации

Со овие уредби, МИОА подвлекува дека се покриваат сите трошоци кои сите радиодифузери ги имаат кон соодветните регулатори, во зависност од видот на лиценцата којашто ја поседуваат. Никој не е изоставен и нема никаква дискриминација.

Министерството додаде и дека сите медиуми подеднакво добија поддршка во висина од 14.500 денари месечно за секој вработен.

– Владата е и понатаму отворена за разгледување и на дополнителни предлози за помош на медиуите. Би биле среќни и доколку би добиле конкретен предлог. Тоа до сега не се случи. На 1ви јуни, здружението „Медиум објектив” испрати допис без потписник и контакт, па како одговор јавно ги повикуваме на средба и разговор и доколку постои конкретен предлог стоиме на располагање да го разгледаме.Наместо веднаш да посегнуваат кон штрајк, сметаме дека на заеднички состанок можеме да разговараме за сите предлози, се наведува во соопштението на МИОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот