Министерот за здравство денеска ќе потпише одлука за епидемија од голема кашлица во Скопје

Одлуката за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје денеска ќе биде потпишана од министерот за здравство Фатмир Меџити и ќе биде испратена до сите вакцинални пунктови. Тој апелираше децата да се вакцинираат со ДиТеПер вакцината која се прима на 2,4,6 и 18 месеци како и на 7-годишна возраст.

Во меѓувреме, денеска се регистрирани 4 нови случаи на магарешка кашлица, што го прави тоталниот биланс 22 случаи. Од нив 16 се во Скопје. Според препораките на Комисијата за заразни болести градинките нема да примаат деца кои имаат пропуштени дози од ДиТеПер вакцината до нивното целосно вакцинирање. Магарешка кашлица е заболување кое трае 100 дена а причинителот е бактерија. Тие што се потврдени позитивни, треба да останат дома 5 дена откако ќе почнат да примаат антибиотик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот