Министерот Маричиќ на средба со шпанскиот амбасадор Сера: Договорена соработка меѓу двете земји во областа на правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека се сретнал со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, со кого разговарал за унапредување на соработката меѓу двете држави во областа на правосудство, со посебен фокус на институциите каде се обучуваат идните судии и јавни обвинители.

На средбата присуствувала и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

– Оваа наша средба е само прв чекор кон натамошна стручна соработка во областите од заеднички интерес. Искуството на Шпанија е добредојдено со цел брз развој на Академијата за судии и јавни обвинители, наведе Маричиќ во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот