Министерката која му забрани влез на Ѓоковиќ, пред ТВ камерите изјави дека сака Надал да победи во Мелбурн

Џала Пулфорд, министерка за спорт на владата во Викторија/ фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Денешниот ден помина хаотично во Австралија и заврши така што Новак Ѓоковиќ по неколкучасовно испитување заврши во притвор на аеродромот во Мелбурн.

Хаосот го најави сојузната министерка за спорт на Викторија, Џала Пулфорд, која изјави дека дека таа стрикно ги почитувала правилата, но оддеднаш излезе од политичкиот шаблон и ги изненади медиумите.


На вестите кое се емитуваа на телевизијата „7NEWSMelbourne“, таа по објаснувањето на ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ, порача „дека се надева оти Рафаел Надал ќе го освои трофејот на Австралија Опен“.

Овој потег на сојузната министерка Пулфорд предизвика големи реакции на социјалните мрежи бидејќи многумина нејзините зборори го протолкуваа како лични и мешање на политиката во спортот.
Сојузната влада во Викторија побара од федералната влада написмено да го поднесе барањето за виза за Ѓоковиќ, но на крајот сојузната валда одлучи да не му додели виза на српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот