Мини диета – За само 3 дена намалете 3 килограми

Не може да биде поедноставно: се јаде само сирoва храна во текот на 3, 7 или 10 дена, зависно од тоа колку килограми сакате да намалите.

Појадок

Совршено време за појадокот е меѓу 7 и 9 часот.

Започнете го денот со две чаши вода и малку цеден лимон со цел да го исчистите организмот. Пијте полека за да ја потпомогнете апсорцијата на хранливи материи,. За појадок додадете каков било свежо цеден сок (можете сами да смислите некоја комбинација по желба).

Ручек

Совршено време за ручек е меѓу 12 и 14 часот.

Ова би требало да биде најобемниот оброк во текот на денот со многу зелен лиснат зеленчук, никулци и друг зеленчук. Сите видови свеж зеленчук во неограничени количини ви се дозволени.

Вечера

Совршено време за вечера е меѓу 18 и 20 часот.

Златно правило е никогаш да не јадете по 20 часот навечер. Што и да изедете по тоа време, останува во вашиот организам, ферментира, се претвора во масти и поттикнува дебелеење. Вечерата е време кога треба да јадете здрави масти со цел организмот да може да се обнови и исцели додека спиете. Обидете се во овој оброк да вклучите семки, здрави преливи за салати и јаткасти плодови.

Совет плус: Пијте најмалку две литри вода во текот на денот. Не ја пијте одеднаш туку преку целиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот