Минатата недела 1,4 милиони Американци се пријавиле како невработени

Федералната помош за невработените, која беше усвоена заедно со другите мерки за спречување на пандемијата и ублажување на последиците од неа, треба да истечат за само неколку дена.

Околу 1,4 милиони Американци минатата недела поднеле документи за невработеност, соопшти денеска американското Министерство за труд.

Ова е првото зголемување на неделниот извештај за повеќе од три месеци.

Во САД секојдневно се регистрираат нови многу високи бројки на новозаразени со коронавирусот, особено во јужните и западните држави. Некои локални власти ги повлекоа дозволите за отворање на одредени бизниси како дел од напорите за контрола на заразата, принудувајќи ги неодамна отворените деловни субјекти, повторно да затворат.

Федералната помош за невработените, која беше усвоена заедно со другите мерки за спречување на пандемијата и ублажување на последиците од неа, треба да истечат за само неколку дена.

Зголемувањето на бројот на работниците што бараат помош затоа што останале без работа веројатно ќе ја зголеми итноста во Вашингтон за продолжување на помошта, со оглед на тоа што пратениците дебатираат за нов пакет за помош. Минатите пакети помош од март без во вредност од речиси три трилиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот