Миленичињата и домашните животни можат да пренесуваат болести

Фото: Пекселс/ alexandra-bilham

Една нова студија објавена во списанието „Science Translational Medicine“ ја нагласува важноста на разбирањето на принципот „Едно здравје“.

Оваа перспектива ни овозможува да ги разбереме интеракциите помеѓу физичките и биолошките фактори во динамиката на зоонозите. Аспектите како што се глобализацијата, климатските промени или урбанизацијата на природните екосистеми драстично го менуваат односот меѓу животните и луѓето, промовирајќи ја појавата и ширењето на зоонози. пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Болестите кои се пренесуваат од ‘рбетниците на луѓето не се нов концепт. Светската здравствена организација идентификуваше повеќе од 200 видови од нив и изненадува тоа што нашите миленици често се во центарот на оваа динамика, било како главни или споредни актери.

Иако многу мачки се домашни миленици, во урбаните средини има сè поголем број на несопствени диви мачки. Покрај тоа, има и такви кои живеат и внатре и на отворено, а многумина престојуваат во засолништа или спасувачки објекти.

На пример болеста од гребење на мачки, предизвикана од инфекција со Bartonella henselae, е зоонозна форма на бартонелоза која обично поминува незабележана кај луѓето, но може да предизвика и отекување на лимфните јазли.

Други зоонозни патогени најчесто спомнати во ветеринарната литература вклучуваат C. psittaci, домашни папагали и кучешки корона-вирус (CCoV) кај домашните кучиња. Општо земено, сите птици се изложени на ризик од зоонозни инфекции, од домашни до живина и диви птици. Ова најмногу се однесува на птичјиот грип.

Сепак, главниот резервоар за различни зоонозни вируси се комарците, кои можат да ги пренесат вирусите на западниот и источниот коњски енцефалитис и вирусот на Западен Нил. Овие патогени може да се пренесат на луѓето и коњите, најмногу преку каснување од комарец, а во некои случаи и да предизвикаат смрт.

Нема сомнение дека домашно животно кое добива соодветна здравствена заштита ретко може да стане носител на болести кај луѓето. Вакцините, лековите и одговорната грижа се витални алатки за превенција од ризик. Сепак, неопходно е да се биде свесен за фактот дека животните можат да ни пренесат патогени и дека редовната хигиена е исклучително важна за нивно сузбивање доколку одлучите да станете сопственик на еден од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот