Миле Јанакиески и Кирил Божиновски барале 15.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ

Јован Грков, сведок во денешниот процес за случајот „Талир“, кој е и управител во фирмата „Урбан инвест” пред судечкиот совет изјави дека пред изборите во 2016 година добил СМС порака од Марјан, тогашен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар и му посочил дека треба да оди во Влада.

– Јас отидов во Владата и бев викнат од Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Состанокот беше краток. Ми рекоа дека имам обврска да дадам 15.000 евра. Ми кажаа парите да ги дадам на истото лице кое ми прати СМС порака. Во неколку наврати јас го исполнив тоа барање. Не ми беше кажано причината поради која јас би дал пари, а не се спротивставив на тоа барање бидејќи знаев дека морам да ги дадам – изјави сведокот Грков.

Сведокот истакна дека бараните пари биле дадени на посоченото лице, а не му било даден никаков документ за дадените пари.

До судечкиот судија во овој процес Осман Шабани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски доставил допис дека Ѓорѓија Сајковски покрај Наум Стоилковски, во иднина ќе биде застапник на партијата ВМРО-ДПМНЕ во овој процес.

Судијата Шабани денеска извести дека за изнесена навреда на главна расправа, со 500 евра во денарска противвредност го казни адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дончо Наков.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело. Груевски е избеган во Унгарија и во сите процеси му се суди во отсуство.

Обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор. Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за перење пари и други приноси. Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, која призна вина. И партијата ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинета за перење пари и други приноси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот