Мијалков ќе го прашува Верушевски, разузнавачко соочување на судењето „Таргет – Тврдина“

Поранешните први разузнавачи, Зоран Верушевски како сведок и Сашо Мијалков како обвинет во судскиот процес „Таргет-Тврдина“ напладне треба да се соочат. Кој нелегално прислушувал над 20.000 граѓани преку системите за следење на комуникации во УБК е клучниот одговор што се чека.

Верушевски денеска ќе одговара на прашањата на Мијалков, откако на претходното рочиште прашања му поставуваше обвинителството. На претходното судењето за „Таргет – Тврдина“ пред десетина дена, Верушевски негираше неговата вмешаност во преземањето на бомбите од разузнавачите од УБК Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски и кажа дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и додека ја извршувал таа функција добивал сензитивни информации со кои постапувал. Рече дека првите информации за „бомбите“ во 2010 година.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот