Мицкоски: За два дена се собрани вкупно 45.000 потписи за поништување на Законот за попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во објава на Фејсбук тврди дека во рамки на вчера започнатата иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис”, досега се собрани 45.000 потписи.
– Денес се собрани нови 20.000 потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена се собрани 45.000 потписи. Благодарност за поддршката за секој граѓанин. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината, 45.000 потписи за вистински попис. Но, и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа, наведе Мицкоски во објавата на Фејсбук.
ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение наведе дека илјадници граѓани ширум земјава и денеска масовно даваат поддршка на Граѓанската иницијатива за Закон за поништување на Законот на попис.
– Граѓаните и денеска упатија јасна порака до Зоран Заев и до СДСМ, НЕ за фалсификат попис кој нема да ја отслика реалната бројка на население во државата. Ова е доволна причина, Заев и СДСМ да се откажат од политичката, наместо статистичка операција, која значи задоволување само на интересите на коалициските партнери, се наведува во соопштението, во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ.