Мицкоски: Не се бориме за обична, туку за победа со поголем легитимитет

На вечeрашната средба на коалициските партнери им предложив, а тие едногласно прифатија Kоалицијата „За подобра Македонија” да се преименува во коалиција „За обнова на Македонија” и немаше забелешки за датумот на предвремените парламентарни избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– На Македонија и е потребна обнова после овој арамилак што и се случува веќе трета година по ред. Ветуваме многу работа и расчистување со сите криминали кои се провлекуваа во минатото и расчистување со арамилукот што со години го следи македонското општество. Ветуваме реформи во многу сегменти, меѓу кои враќање на владеењето на правото, бескомпромисна борба и нула толеранција за криминалот и корупцијата, а потоа економски бум и Македонија технолошки тигар на Балканот – изјави Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и...  Коронавирусот го стегна обрачот околу Русија: Нови 6.718 случаи на коронавирус

Тој нагласи дека тоа практично ќе бидат столбовите на кои ќе се темели новата предизборна кампања на Коалицијата „За обнова на Македонија” и додаде дека на состанокот ги информирал коалициските партнери за темите за кои се разговарало на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Одговарајќи на прашање рече дека има комуникација и со други политички партии да се приклучат на коалицијата, а некои од нив, како што кажа, ги видел вчера во друштво на Зоран Заев. Се разговара, потврди, и со албански политички партии, но се уште нема дефинитивен заклучок дали ќе има предизборна или постизборна коалиција со нив.

Во врска со анкетите што излегуваат деновиве за рејтингот на партиите, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ води со над 100.000 гласа што е многу поразлично од она што тврди Заев дека СДСМ е во предност.

Прочитајте и...  Шахпаска: Продолжуваме да ја градиме нашата земја по европски пример, современа инфраструктура за современа држава

– Вистината е многу поразлична од она што го кажа Заев вчера. Ние водиме со повеќе од 100.000 гласа, но тоа не е доволно. Ние не се бориме за обична победа на овие избори, туку за победа со поголем легимитет за да имаме стабилна влада и стабилно мнозинство кое ќе превенира од каков било политички инженеринг – потенцира Мицкоски.

За сите нас, додаде, ќе биде предизвик да ги мотивираме граѓаните да излезат во што е можно поголем број. Во вториот дел на средбата, која продолжува вечерва, посочи, ќе разговараат за други теми за кои ќе покажат интерес коалициските партнери.

Прочитај повеќе

Силјановска говори за сексот и привлечноста на мангупите (ВИДЕО)

Слободен печат

Новинарка на Си Ен Ен ограбена во јавување во живо: Додека известуваше за водостојот, крадец ѝ извлече нож (ВИДЕО)

Слободен печат

Општина Дебар: Последиците од Ковид-19 ќе се зголемуваат со застрашувачки тренд

Слободен печат

„Ер Франс” укинува 7.500 работни места

Слободен печат

Пакистанскиот министер за надворешни работи позитивен на коронавирус

Слободен печат

Биле во брак 53 години, а потоа и двајцата починале од коронавирус, држејќи се за раце (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Уверен сум дека народот ќе му го заврти грбот на Зоран Заев (ВИДЕО)

Слободен печат

Отворање на нов независен Театар „Златен елец“ во Скопје

Слободен печат

Поранешен директор на АИ за Турција осуден на шест години затвор поради тероризам

Слободен печат

Силјановска: На 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ

Слободен печат

Мицкоски: Луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени

Слободен печат

Заев: Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него (ВИДЕО)

Слободен печат