Мицкоски: Народот се определи за реалност, која е мачна и тешка за граѓаните (ВИДЕО)

Имаме гласови од сите етнички заедници, потенцираше Мицоски, но најмногу од македонскиот народ.

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицокски во моментов се обраќа пред македонската јавност.

-Народот се определи за реалност, која е мачна и тешка за граѓаните, има еден непобитен факт, таа мачна и тешка реалност донесе апатија и разочараност на граѓаните од политиката. Опозицијата освои повеќе гласови од Власта. А ВМРО-ДПМНЕ без БЕСА во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата победи 41 општина, во Ѓорче Петров, во Бутел, во Гази Баба, во Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Илинден, Македонски Брод, Велес, Неготино… Победивме во Прилеп, во Вевчани, Дебарца, Охрид, Струга, Демир Хисар- рече Мицкоски.

Овој резултат, потенцираше Мицкоски, е постигнат во едни тешки околности, притисоци и бројни нерегуларности, Власта спроведе масовен поткуп, со ова се боревме во текот на целата кампања.

Имаме гласови од сите етнички заедници, потенцираше Мицкоски, но најмногу од македонскиот народ.

Во текот на денот ДИК ќе излезе со конечни резултати, потенцираше Мицкоски, кој рече дека разговарал со претседателот на Комисијата, кој рекол дека ДИК била цел на хакерски напад.

-По интригантно за мене е тоа, како никој не го постави прашањето, како на опозицијата и беше дозволено рекламирање во блок од 1 час, таа да се рекламира 6 минути, а опозицијата само 3 минути- рече Мицкоски.

Тој упати порака до сите кои се занимаваат со политка, да внимаат и повеќе да не го разочаруваат народот.

Мицкоски синоќа после завршувањето на изборниот процес не одржа прес-конфереција која беше очекувана и од медиумите и новинарските епики, но и од неговите поддржувачи.

Прес конференција

Publiée par Hristijan Mickoski sur Jeudi 16 juillet 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот