Мицкоски на средба со коалициските партии

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во седиштето на партијата одржува средба со коалициските партнери.

Состанокот следи по лидерската средба што синоќа се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски поради негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел.

На состанокот беше постигната согласност дека нема друга алтернатива за земјата освен евроинтеграцијата и се закажани предвремени парламентарни избори на 12 април.

По средбата се очекува Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот