Мицкоски: Ќе изградиме експресен пат од Штип за Кочани
Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За да имаме силна економија, порача Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Игор Јанушев носител на Изборната Единица 3 ја посетија Општина Зрновци.
Мицкоски пред гласачите од Зрновци порача дека треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ за да нема уцени за да нема закани, за да нема притисоци, пазарења и трговија, за да се заштити Македонија. Да се обновиме Македонија, за правда почитување на законите и уставот.
-Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За да имаме силна економија. За реконструкција на медицински установи, болници, училишта, училишни спортски сали, културни домови, асфалтирани патишта. Голема победа ни е потребна за да си ги вратиме децата дома. Чуми таква држава ако ни е празна – порача Мицкоски.
– Од СДСМ и Беса ќе слушнете се само нема да слушнете дека можат да направат повеќе за македонецот. Прашањето е што направија 3 години. Еве јас ќе ви кажам дополнително стотици илјади луѓе ја напуштија Македонија. Ги броеја Луј Витон ташните и куферите, носеа трас трас судски одлуки едни за да се пресметаат со политичкиот противник, а другите за да се амнестираат себеси. Ќе ве потсетам, може сме заборавиле за она Евро за Батето. После 15 јули повторно ќе ја отвориме – истакна Мицкоски.
– Им оставивме проект, обезбедени средства, договор потпишан, три години не можат да го завршат експресниот пат од Штип до Кочани три години камен на камен не ставија – потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.