Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Мицкоски за цените во маркетите: Нашите стравувања стануваат вистина и реалност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, ден по бојкотот на големите маркети поради поскапувањата на храната и основните производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети и се прави детална анализа, а според неговите првични сознанија, „она за што биле загрижени во однос на цените, е всушност реалност“.

-Да, излегоа на терен сите институции, повеќе информации би имал од понеделник, но можам да кажам дека се наоѓаме буквално во сите поголеми супермаркети и се прави детална анализа, повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека истовремено ќе се води сметка и за пазарната економија, односно да не дојде до нарушување на нејзините принципи и додаде дека сите засегнати треба заедно да работат „со цел од целата ситација да излезат како победници“.

Повикот за бојкот вчера ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на пазарите. За износот на намалениот промет информации најави, но сè уште не соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот