Мицкоски: Имаме ново парламентарно мнозинство

Фото: Фејсбук-страница на Христијан Мицкоски

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство,“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата страница на Фејсбук.

Тој објави и две фотографии, на кои се гледаат претставниците на партиите кои го сочинуваат мнозинството, меѓу кои е и Аријанит Хоџа од Беса, која досега беше дел од владината коалиција.

Хоџа во изјава за „Слободен печат“ ја потврди информацијата за новото парламентарно мнозинство.

На фотографијата од Собрание се гледаат во друштво Мицкоски, лидерот на Алтернатива Африм Гаши, генсекот на Алијанса Арбен Таравари, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

фото: Фејсбук-страница на Христијан Мицкоски

Ова доаѓа откако вчера Беса објави дека „Желино може да ја урне Владата“, откако Државната изборна комисија одлучи да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.

Според објавеното, дел од новото мнозинство покрај ВМРО-ДПМНЕ, би биле и Левица, АА, Алтернатива и БЕСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот