„Ми го убија братот…“: Софија Вергара проговори за семејната трагедија во Колумбија

Софија Вергара во „Гризелда“ / Фото: Netflix / Hollywood Archive / Profimedia

Во моментов, колумбиската актерка Софија Вергара (51) ужива голема популарност поради улогата на озогласената Гризелда Бланко во серијата на Нетфликс – „Гризелда“ („Griselda“). Таа успешно ја отелотвори шефицата на колумбискиот картел, позната и како „кралицата на кокаинот“.

Во своето најново интервју за „Дејли мејл“, Вергара се присети на детството во Колумбија и на големата семејна трагедија. Имено, нејзиниот најстар брат Рафаел бил убиен од страна на криминална организација која се занимавала со криумчарење дрога.

„За жал, во Колумбија во тоа време пипалата на трговијата со дрога беа насекаде. Не можам да кажам дека сите беа дилери на дрога, бидејќи тоа не е точно. Но, на пример, ако сте архитект, кој ви ги купил становите? Ако имате салон за автомобили, кој ви ги купил автомобилите? Криминалците. Секој знаеше кои се дилери на дрога. Сè беше допрено од нив. Брат ми беше мило момче. Но, тој донесе погрешна одлука и, за жал, плати за тоа. Сите плативме за тоа“, изјави актерката.

Софија Вергара во „Гризелда“ / Фото: Netflix / Hollywood Archive / Profimedia

Убиството на нејзиниот брат засекогаш го променило нивното семејство.

„Кога ќе умре некој толку посебен, добар татко и брат, тоа го уништува семејството. Мајка ми и татко ми никогаш не беа исти. Мојот друг брат, кој беше многу близок со него, поради траумата стана алкохоличар, а потоа и зависник од дрога“, додаде таа.

Софија Вергара во „Гризелда“ / Фото: Netflix / Hollywood Archive / Profimedia

Меѓу другото, Вергара се осврна и на разводот со нејзиниот, сега веќе, поранешен сопруг Џо Манганиело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот