Мет Дејмон откри дека неговите ќерки не се воодушевени од неговите актерски достигнувања

мет дејмон
Фото: EPA-EFE

Иако е една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата, ќерката на Мет Дејмон не е воодушевена од актерските достигнувања на својот татко.

Познатиот Оскаровец минатиот викенд беше гостин во емисијата „Sunday Morning“ на „CBS“, каде зборуваше за тоа дали помладите обожаватели го поврзуваат со филмот „Good Will Hunting“ и како неговата 15-годишна ќерка ги доживува неговите филмски достигнувања.

Помладите луѓе се помалку заинтересирани за моите постари филмови“, призна Дејмон, додавајќи дека неговата ќерка Изабела едноставно „одбива да ги гледа“.

„Не сака да гледа ниту еден од моите филмови што мислам дека се добри. Во една прилика ми рече: „Се сеќаваш ли на твојот филм „The Wall“?“, па, ја поправив и реков дека се вика „The Great Wall“ и таа ми одговори дека нема ништо добро во тој филм“, откри Оскаровецот на шега, опишувајќи колку неговата ќерка не е воодушевена од неговите филмски остварувања.

мет дејмон
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Дејмон, кој исто така е татко на 10-годишната ќерка Стела, 12-годишната Џеи и 22-годишната Алекси, призна дека и тие, како и Изабела, имале слични реакции на неговите филмови, особено на „Good Will Hunting“ .

„Се обидов да ги охрабрам да го гледаат „Good Will Hunting“ затоа што го напишаа тато и нивниот чичко Бен, но без резултат“, открива Дејмон, додавајќи дека тие биле заинтересирани само за филмот „MarsМарсовец“ затоа што го гледале нивните пријатели од училиште.

Покрај „The Martian“, како што открива, тие го гледале неговиот филм „Ford v Ferrari“ затоа што дошле на неговата свечена премиера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот