Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

Меси донесе милиони за Аргентина: Ангола платила 12 милиони долари за пријателски натпревар со „Гаучосите“

Репрезентацијата на Аргентина ја совлада Ангола со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Луанда, кој се одржа по повод 50-годишнината од независноста на африканската земја.

Според извори од „Мундо Депортиво“, Аргентинската фудбалска федерација заработила 12 милиони долари за учеството на националниот тим на овој меч. Интересно е што во договорот меѓу двете федерации била вклучена специјална клаузула според која Лионел Меси морал да биде присутен на натпреварот за целата сума да биде исплатена.

Фудбалската федерација на Ангола за овој меч одлучи билетите да чинат симболичен 1 долар, со што го направи натпреварот достапен за сите љубители на фудбалот.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот