Меси добитник на наградата Лауреус за спортист на годината во 2022

Фото: Laureus

Лионел Меси е добитникот на престижната награда Лауреус за најдобар спортист на 2022 година.

Меси го освои Светското првенство со „Гаучосите“ и тоа е главната причина што вторпат во кариерата стигнува до оваа награда. Истата награда претходно ја доби 2019 година, но тогаш мораше да ја дели со британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон.

„Многу сум среќен што овојпат сум дел од церемонијата, уште повеќе поради тоа што се одржува во градот во кој живеам. Сакам да уживам во оваа награда после она што го доживеав во Катар“, изјави Аргентинецот.

Светското првенство како што е познато беше и единствениот голем трофеј кој му недостасуваше во неговата голема кариера, а го освои благодарение на победата против Франција во финалето. Конкуренти на Меси му беа Килијан Мбапе, Роџер Федерер, Макс Верстапен и Стеф Кари.

Во женска конкуренција оваа награда ја освои спринтерката Шели-Ен Фрајзерс-Прајс. Кристијан Ериксен беше добитник на наградата за камбек на годината, додека младиот тенисер Карлос Алкараз го доби признанието за „откритие“ на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот