Месец дена по изборниот пораз: ДПС на Ѓукановиќ ќе оди на вонреден Конгрес

Фото: vijesti.me

Месец дена по изборите што ја одведоа во опозиција, ДПС на Мило Ѓукановиќ ќе оди на вонреден конгрес. Седницата на највисокото партиско тело треба да се одржи до средината на декември или само една година од последниот собир на делегатите на кој беше потврдено 21 годишното ,лидерство на Ѓукановиќ. Овојпат порачуваат дека им е потребна сеопфатна кадровска реформа.

Аналитичарот Сергеј Секуловиќ оценува дека мислењата за заминување на досегашниот лидер на ДПС се поделени и верува дека тоа, како и реформите на партијата, ќе зависат и од стабилноста на новата Влада во Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот