Меркел на работна вечера со Макрон во Париз

Канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да ја прими германската канцеларка Ангела Меркел на работна средба во Елисејската палата во Париз.

Според извори од Кабинетот на Макрон, на заедничката вечера ќе се фокусираат на ситуацијата во Авганистан и Сахел. Тие, исто така, сакаат да зборуваат за претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ. Франција го презема шестмесечното ротирачко претседателство во јануари.

Меркел се повлекува од функцијата канцелар подоцна овој месец, по 16 години на чело на германската политика, кога ќе биде избран новиот Бундестаг. Нејзината проштална посета со Макрон е закажана за подоцна, најверојатно по изборите во Германија.

Макрон веќе ги прими кандидатите канцелари Олаф Шолц и Армин Лашет, минатата недела во Париз.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот