Менаџерка во американски ресторан починала откако се заглавила во замрзнувач

САД Полиција/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Менаџерката на ресторанот „Арби“ во Луизијана починала откако се заглавила во зармзнувач, се вели во тужбата што ја поднеле членовите на нејзиното семејство против сопственикот на синџирот за брза храна.

Четирите деца на Нгујет Ле (63) бараат отштета од најмалку 1 милион долари од синџирот ресторани „Турбо“ и сопственикот на франшизата, тврдејќи дека смртта на нивната мајка била предизвикана од невнимание, бидејќи вратата на замрзнувачот била скршена околу девет месеци и никој не ја поправил.

„Турбо“ рестораните се подружница на „Сан Холдингс“, која поседува стотици синџири ресторани низ САД. Децата на Ле тврдат дека нивната мајка пристигнала во „Арби“ утрото на 11 мај за да го отвори ресторанот. Во еден момент била заробена во замрзнувачот каде што било минус 23 степени Целзиусови, пишува „Гардијан“.

Малку подоцна синот и колегата од работа ја нашле во стуткана положба. Инспекторите пронашле крв од внатрешната страна на вратата на замрзнувачот, најверојатно од повреди здобиени кога Ле се обидувала да привлече внимание или да излезе. Аутопсијата покажала дека 63-годишната жена починала кога нејзината телесна температура се спуштила на смртоносни нивоа.

Децата на Ле во тужбата тврдат дека нивната мајка работела како генерален директор на „Арби“ во Хјустон. Но, во февруари, нејзиниот претпоставен привремено ја испратил да управува со филијала во Њу Иберија, Луизијана, на околу три и пол часа возење.

Таа требала да остане таму само четири недели, но надзорникот додал уште две. Децата на Ле тврдат, повикувајќи се на информации од поранешен вработен во тој ресторан, дека бравата на вратата на замрзнувачот била скршена најмалку од август минатата година и дека вработените користеле шрафцигер за да ја отворат и затворат вратата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот