Мемоари: Пишувањето и животот како маратон во творештвото на Харуки Мураками

Издавачкиот центар „Три“ ги објави мемоарите на големиот јапонски писател Харуки Мураками за потрагата по смислата на животот низ призмата на двете негови најголеми страсти. Во книгата „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ Мураками раскажува и како тркач и како автор. Во 1982 година, откако ќе го продаде својот џез-клуб за да се посвети на пишувањето, Мураками почнува да трча за да се одржи во добра физичка форма. По многу години и по голем број истрчани трки и маратони, додека тренира за Њујоршкиот маратон, Мураками одлучува да ги раскаже своите искуства и да открие какво влијание имало трчањето врз неговиот живот и пишувањето.

Резултатот се прекрасни мемоари за неговите испреплетени страсти – трчањето и пишувањето – што изобилуваат со спомени, размисли и заклучоци од сопствените увиди, вклучувајќи го и точниот момент кога одлучува да стане писател. Едновремено смешно и сериозно, разиграно и филозофско, „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ е задолжително четиво за обожавателите на овој генијален, но повлечен писател, како и за огромниот број спортисти кои наоѓаат слично задоволство во трчањето.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 74, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот