Мемеди му се налути на Заев: Најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

фото: Тетова Сот

Претседателот на НДП, Весел Мемеди денеска на прес-конференција рече дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство им припаѓа на Албанците.

Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието, најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

Ваквата одлука, како што нагласи, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

-Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ – рече тој.

Како второ, како што посочи, нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

Со предложената владина реконструкција за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот