Мелони и Трамп во Белата куќа / 17 април 2025 г. / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Мелони го шокирала Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за италијански весник дека е „шокиран“ од премиерката Џорџа Мелони и дека „очекува таа да биде похрабра“, објавуваат медиумите.

Мелони е гласна поддржувачка на Трамп, но ја критикуваше неговата одлука да влезе во војна со Иран, а во понеделникот ги критикуваше неговите коментари за папата Лав, дадени за време на викендот, како „неприфатливи“.

Трамп ѝ одговори на италијанската премиерка во интервју за „Кориере дела Сера“, велејќи дека Мелони е „многу поинаква од она што го мисли“ и ја осуди за одбивањето да помогне во отворањето на Ормускиот Теснец, кој Иран го блокираше, според новинските агенции.

„Шокиран сум од неа. Мислев дека има храброст. Грешев“, беше цитиран во статија на италијански јазик објавена на веб-страницата на весникот.

Министерството за надворешни работи на Израел ја намали важноста на најавата на италијанската премиеркаи дека ќе „го суспендира автоматското обновување на одбранбениот договор со Израел“.

„Немаме договор за безбедност со Италија“, истакна израелското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека тие имаат „меморандум за разбирање од пред многу години кој никогаш немал никаква суштинска содржина“.

„Ова нема да влијае на безбедноста на Израел“, соопшти израелското министерство.

Мелони умерено го поддржа папата, опозицијата ѝ скокна, па директно го осуди Трамп за навредите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот