Мексиканските власти ослободија 22 странци киднапирани во хотел

Полициско возило во Мексико / Фото: Архива

Мексиканските власти денеска ослободија 22 туристи, главно Кубанци и Хаиќани, кои претходно беа киднапирани од вооружени напаѓачи во хотел во државата Сан Луис Потоси во централниот дел на земјата, објави регионалниот државен обвинител.

Напаѓачите киднапираа и 16 Мексиканци, кои беа ослободени порано, за време на рацијата во хотелот „Сол и Луна“ во градот Матехуала, пренесува Ројтерс.

Странски државјани се ослободени во оддалечена област на патот помеѓу Матехуале и регионалната престолнина Сан Луис Потоси.

Во соопштението не се наведуваат детали за спасувачката операција, ниту пак се наведува дали некој од заложниците е повреден.

Меѓу киднапираните туристи имало три малолетни лица и една бремена жена.

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот