Мекгрегор заборави на „војната“ со Хабиб, испрати емотивна порака по смртта на неговиот татко

twitter/mmafighting

Голема трагедија му се случи на спортот поради коронавирусот, таткото и тренерот на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап почина во московска болница по компликациите од коронавирусот.

Таткото на Хабиб Нурмагомедов почина од коронавирус

Пораки со поддршка пристигнуваат од сите страни, а поддршка за Хабиб Нурмагомедов дојде и од неговиот најголем противник во УФЦ, борецот со кого се навредуваа на социјалните мрежи, а и заработија суспензии по нивната борба, Конор Мекгрегор.


„Загубивме татко, тренер, и голем и посветен фан на овој спорт. Сочувство и почивај во мир, Абдулманап Нурмагомедов“, напиша Мекгрегор на својот официјален Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот