Таткото на Хабиб Нурмагомедов почина од коронавирус

фото: твитер

Таткото на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов, Абдуламанап Нурмагомедов почина во 57 година од животот од коронавирус.

Абдуламанап претрпе срцев удар, откако му беше потврдено дека боледува од вирусот Ковид-19, па двапати беше во медицинска кома.

Лекарите ја прогласуваа неговата состојба како сериозна, но стабилано меѓутоа не ја издржа најтешката животна битка.

Ова го потврди и Разман Кадиров, претседателот на Чеченија, кој е добар пријател на семејството Нурмагомедов.

И претседателот на Русија, Владимир Путин вети дека ќе му помогне на Хабиб и го добие најдобриот можен третман. Во семејството на борецот со коронавирус заразени се повеќе од 20 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот