Мејведер би сакал реванш со МекГрегор, но не во октагонот!

фото: твитер

Флојд Мејведер, поранешен светски шампион во боксот би сакал реванш против ММА борецот Конор МекГрегор, но не во октагон, туку во боксерски меч.

Мејведер излезе од пензија во август 2017 година за да се бори против МекГрегор и победи со нокаут во десеттата рунда. МекГрегор тогаш се согласи да го направи своето деби во боксот.

Непоразениот Мејведер не е активен откако го победи Теншин Насукава на егзибициски натпревар во декември 2018 година.

Сега работиме на некои борби во Токио, за 2020 или 2021 година. Не, нема да се натпреварувам во ММА. Мислам дека најуспешните тимови имаат предност на домашен терен во плеј-офот. Не го поправај она што не е скршено, а мојот рекорд не е срушен – рече Мејведер за „Форбс”.

Мејвердер ги има освоено сите 50 професионални натпревари од своето деби во 1996 година и беше светски шампион во пет тежински категории.

Од борбата со МекГрегор, 43-годишниот Мејвердер заработи 275 милиони долари, а Ирецот 85 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот