Меган Маркл конечно направи нешто што претходно ѝ беше строго забрането!

твитер

Вчера беше оддржана конференцијата Girl Up, под покровителство на UN, а една од говорничките беше и Меган Маркл. Всушност, неа претходно не ѝ беше дозволено да биде вклучена во работа со оранизација како што е UN, ниту да се занимава со прашања поврзани со политика, но сега со задоволство го прифати повикот за учество откако отсптапи од функцијата како член на британското кралско семејство.

профимедиа

Таа зборувала на виртуелна бина покрај славните дами како што се Мишел Обама, Хилари Клинтон и Пријанка Чопра. Меган зборувала за расизмот, психичкото здравје и мотивирање на жените.

„Сите оние кои имаат моќни позиции, сите тие зависат од вас многу повеќе отколку вие што зависите од нив. Тие тоа многу добро го знаат. Емпатијата не значи дека е мора да бидеме лути или огорчени кога ќе видиме неправда околу себе – мораме, ве предизвикувам да го ширите тоа чувство“, зборувала Меган.

профимедиа

Таа се појавила на онлајн обраќањето во син фустан без ракави, без многу шминка и во многу опуштено издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот