Меган избркала дури 3 дадилки: Персоналот буквално бега без размислување!

профимедиа

Можеби Меган и Хари уживаат во магијата на родителството, но нивните дадилки не уживаат во чувањето на Арчи. Имено, војводата и војвотката од Сасекс за 6 недели промениле дури 3 дадилки. Се уште не е познато дали дадилките сами дале отказ или им бил врачен отказ.

Протече информација која тврди дека Меган и Хари во последно време „го губат“ персоналот, а извор близок на кралскиот пар вели дека тие само сакаат да ја најдат „вистинската“ личност за нивното дете.

„Изборот на дадилка зависи и од потребите на родителите и детето“, додава изворот. Истиот извор открива дека првата дадилка била и медицинска сестра и дека од неа не се очекувало да остане во улогата дадилка на Арчи.

Хари сака да најде вистинска личност за чување на Арчи, личност со која можат да развијат семејни врски кој тој ги имал со своите дадилки кои присуствуваа и на неговата венчавка.

Меѓутоа, вистина е дека Меган и Хари во последно време се соочени со голема загуба на персонал. Минатиот ноември, личната асистентка на Меган даде отказ по само 6 месеци служба. Мелиса Тоубти тогаш наведе дека Меган ја доведувала до солзи со своите барања.
Само една недела подоцна, Саманта Коен, приватната секретака вработена во кралското семејство цели 17 години, исто така си замина.

Во јануари, личноста која ја следеше Меган на јавните настапи, даде отказ исто така после 6 месеци служба.

Американските таблоиди информираат дека Меган и Хари загубиле уште два асистента во текот на минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот