Меџит: Таравари да реши, или е со Вреди или со ДУИ
Првиот вицепремиер и еден од водачите на коалицијата Вреди, Изет Меџити, му фрли ракавица на лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари или да остане со Вреди и заеднички да настапат на локалните избори или да оди со ДУИ на Али Ахмети.
Препорачано
-Односите во коалицијата се добри, комуницираме. Сите треба да имаат предвид дека Вреди е коалиција која победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Работиме таа да се тера до крај. Вреди продолжува понатаму за сите сплотени политички субјекти да се претопат во Вреди како опција која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Сите ние немаме дилеми, единствениот кој има дилеми и кој гледа можност за соработка со ДУИ е Таравари. Но мислам дека Вреди ги доби 107.000 гласови како антипод на -ДУИ. Таравари треба да си расчисти со дилемите. Ама Вреди и соработка со ДУИ – не е природно – рече Изет Меџити.
Тој рече дека Вреди ќе има еден кандидат, еден штаб, една листа на претстојните избори.
На прашањето за можна реконструкција на Владата Меџити рече дека за тоа треба да се проценат аргументите за и против и дури потоа да се донесе одлука.


