Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

Медведев: Време е да престанеме да бидеме толерантни кон пристапувањето на Украина во ЕУ

Дмитри Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија,  изјави дека Москва треба да го напушти својот „толерантен став“ кон евентуалното членство на Украина во ЕУ, објави Ројтерс.

„ЕУ повеќе не е само Економска Унија. Таа може да се трансформира, и тоа доста брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош и од НАТО“, рече Медведев.

Време е да се напушти толерантниот став кон нашите соседи кои се приклучуваат кон она што сега е воено-економска Европска Унија – додаде тој.

Медведев рече дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе го напуштат воениот сојуз на НАТО, но дека Вашингтон би можел да преземе симболични потези како што е намалувањето на бројот на американски војници стационирани во другите членки на НАТО.

Рускиот политичар, сепак, истакна дека очигледните поделби во рамките на НАТО би можеле да ја поттикнат ЕУ да стане повеќе од само економски сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот