Медведев вели дека за руските воени цели е „неопходно“ да се стигне до Киев

Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, близок соработник на актуелниот претседател Владимир Путин, изјави дека за воените цели на Русија „можеби е неопходно да се стигне до Киев“, главниот град на Украина. Руската армија веќе се обиде да го освои Киев во првите недели од инвазијата, но Украинците успешно се одбранија.

Одговарајќи на прашање на руската агенција ТАСС за „географските граници на специјалната воена операција“, како што официјалниот Кремљ сè уште ја нарекува сеопфатната војна што Русија ја започна против Украина пред две години, Медведев рече дека „конфликтот можеби нема да биде ограничен на сегашната фаза“.

„Каде да застанеме? Не знам. Мислам дека со оглед на она што го кажав претходно за потребата од создавање безбедносен кордон, ќе мора да работиме многу и напорно. Дали тоа ќе биде Киев? Да, треба веројатно ќе биде. Ако не сега, тогаш подоцна, веројатно во некоја друга фаза од развојот на овој конфликт“, рече Медведев.

Во исто време, според ТАСС, Медведев изнесе два аргументи за доаѓањето на руската армија во Киев. „Прво, тоа е руски град. И второ, од него доаѓа меѓународна закана за постоењето на Русија“, рече Медведев за главниот град на Украина.

„Иако Киев е руски град во својот корен, тој е управуван од меѓународен тим на противници на Русија предводен од Соединетите Американски Држави. Оние кои формално имаат позиции таму се личности кои немаат ниту совест ниту страв за иднината на својата земја. Сите одлуки се носат преку океанот и во седиштето на НАТО. Тоа е апсолутно очигледно. Така да, тоа може да биде Киев“, рече Медведев.

На прашањето дали Украина треба да остане независна држава по „специјалната воена операција“, Медведев рече дека „ако како резултат на сето она што се случува остане нешто од Украина, таквата држава веројатно има шанси да остане, иако не е многу висока“.

„Во секој случај, тоа не е прашање за денеска, се разбира, но ќе биде на дневен ред малку подоцна“, рече тој. „Не знам што ќе остане во оваа територијална единица, сега не можам да ја наречам држава. Можеби регионот Лемберг, со центар во градот Лемберг, ако Полска или некои други региони се залагаат за тоа. Но, ова е комплициран процес, не само воен туку и политички. И не само воените сили, не само армијата, туку и луѓето што живеат во тие земји треба да играат или да го кажат својот збор во тој процес“, заклучи Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот