Мажот по кој полудеа жените ја пропушти шансата да го глуми Џејмс Бонд поради килограмите (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Во интервјуто за „Man’s Health“ Хенри Кавил, кој го игра ликот Гералт од Ривија во новата серија „The Witcher“, рекол дека се појавил на кастингот за „Casino Royale“, но дека не ја добил улогата поради изгледот.

Profimedia

„Требаше подобро да се припремам. Се сеќавам дека режисерот Марин Кембел рече: Хенри, малку си буцкаст. Не знаев како правилно да тренирам, ниту бев на диета. Мило ми е што ми го кажа тоа, бидејќи ми помогна да станам подобар“, раскажал Хенри Кавил.

Актерот признал дека поради улогата во серијата „The Tudors“ и филмот „Immortals“ бил на строга диета скоро 6 месеци.

Profimedia

„Immortals беше мојот прв филм и морав да бидам постојано без маица во кадарот. Беше физички и емотивно исцрпување. Кога сте гладни и под стрес, прилично е тешко“, рекол Хенри.

Profimedia

Хенри Кавил е познат како актерот кој секогаш е во форма, па сосем е чудно што некој го нарекол „буцкаст“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот