Mажи со карактер: Има ли вистински џентлмени во Македонија?

џентлмени
Фото: Профимедиа

Некогаш го нарекуваа господин. Денес го милуваат зборот џентлмен. Терминот џентлмен накратко опишува маж со карактер. Но дали се измени само зборот или и значењето на зборот се измени со текот на времето?

Многумина ќе ви кажат дека денес нема веќе вистински џентлмени и, за жал, првата асоцијација ќе биде стереотип наметнат од турбулентните општествени околности: скап костум, луксузен автомобил, чаша виски и пура.

Искривоколчено, површно и погрешно!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Classy Gentleman (@classy.gentleman)

Поимот џентлмен подразбира многу повеќе од тоа. Денес во 21 век епитетот да се биде господин се базира на вредностите, моралот и честа на човекот. Тоа значи дека мажот ќе го посвети својот живот на супериорни стандарди на однесување.

Ова не е надменост туку само значи дека се придржува до високи стандарди. Нештата како учтивост, смиреност, чесност, одговорност, посветеност и емпатија се камен темелник за дефинирање на тоа што значи да се биде џентлмен. А тоа е состојба на умот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Classy Gentleman (@classy.gentleman)

Прашањето е: има ли во МК ликови кои се достојни да го понесат епитетот џентлмен?

Се разбира дека да, ретки се но постојат.

Меѓу другите ќе ги издвоиме:

 

Никола Ристановски

актер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljka, Belgrade (@fijuu62)

Некомпромисен професионално, но непретенциозен приватно, своето маестрално жонглирање со двата спротиставени светови го должи на својот извонреден усет за баланс помеѓу „тешката“ литература која ја раскажува на сцена и релаксираната проза која ја ужива приватно.

 

Игор Божиновски

бизнисмен

Зад јогиската смиреност и мотивациски зборови ќе се затскрива бунтовна природа на човек со силна страст за живот, вечно љубопитен дух и немирна природа, зависник од адреналин, ризик и возбуда кои ги носат предизвиците во животот. Филантроп и подржувач на уметноста.

 

Кирил Пенушлиски

куратор, истражувач и професор по историја на уметност

Тој е нова, современа верзија на старата вредност,поранешното подзаборавено “господин човек“. Лик кој пленува со харизматичната појава, шарм, неформалност, посредност и спонтаност, побивајки ги сите стереотипи за надмен интелектуалец.

 

Неби Хоџа

бизнисмен

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nebi Hoxha (@nebi.hoxha)

Иновативен,креативен и визионерски во професионалниот живот но исклучително традиционален во желбата за зачувувње на вистинските животни поенти ќе достигне престижна точка до која се стигнува со знаење,умешност, талент, трпение, многу работа, но и бескромпромисно држење кон денес запоставениот етички кодекс.

 

Ламбро Патче

менаџер за јавни работи и комуникации

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lambro (@lambropatce)

Она што суштински  ја засјајува востановената слика за бизнис авторитет и ја разубавува рамката на успешно реализиран живот е одлучноста да биде вистинска верзија од себе, навлегувајќи со подеднаква страст во професионалните ангажмани во иста мерка како и во фотографирањето, летањето, нуркањето па се до готвењето за своето семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот