МАЖ СО РАНА ВО СТОМАК САМ ДОШОЛ ВО БОЛНИЦА ВО КИКИНДА: Тврди дека го застрелала жена му

Илустрација/Архива на Слободен печат

Стеван С. (55) од Ново Милошево, Србија денес бил примен во болница во Кикинда со прострелна рана во стомак нанесена од огнено оружје.

Како што дознава Курир.рс тој рекол дека го застрелала жена му, по што за се е известена полицијата која моментно врши увид.

„На мажот му е констатирана прострелна рана под левото ребро, а дијагностиката е во тек“, велат за медиумите извори од истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот