Маж и жена со оружје го „бранеле“ својот имот од демонстрантите во САД (ВИДЕО)

Маж и жена во САД впериле оружје кон демонстрантите што влегле на нивниот имот, откако група активисти на „Црните животи се важни“ (БЛМ) ги урнаа портите во богата населба во Сент Луис, Мисури.

На снимките што се појавија на интернет двојката доби и пофалби дека „си го брани имотот“, и критики за „малтретирање“ со оружје и осуда за „заканување кон мирни демонстранти“.

Некои од активистите стоеле на самиот раб на тревникот, снимајќи ја двојката, а некои, наводно, дури и подбивно им го дофрлале слоганот „ќе ги јадеме богатите“.

Двојката, пак, за возврат им викала на демонстрантите, наредувајќи им да заминат од нивниот приватен имот, на моменти вперувајќи го оружјето кон толпата.

Групата демонстранти наводно ја урнале портата на влезот во населбата и дошле пред куќата на градоначалничката Лида Крусон, уривајќи ги полициските барикади во дворот и на предниот трем, и го нацртале зборот „оставка“ на улицата пред нејзините прозорци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот