Маски за коса од банана (за различни типови коса)

За многумина омиленото овошје – бананата, има чудесна улога во негата на коса. Во зависност од типот на косатаизберете ја соодветната маска.

За сува и оштетена коса

1 банана, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица мајонез.

Бананата добро испасирајте ја со вилушка, потоа додадете ги маслиновото масло и мајонезот, па убаво измешајте. Нанесете ја маската за коса прво на темето, па масирајте се до врвовите. Намачкајте ги на крајот убаво врвовите на сувата коса. Оставете ја маската да делува половина час, па отстранете ја со млака вода.

Маска за масна коса

1 зрела банана, 1 жолчка од јајце, 1 лажица јаболков оцет, 1 лажица сок од исцеден лимон.

Бананата убаво испасирајте ја, додадете ги останатите состојки за маската и добро измешајте. Нанесете ја на косата масирајќи, оставете ја да делува половина час, па отстранете ја со вода.

Маска за побрзо растење на косата

1 банана, 1 компир, 2 лажици рицинусова масло.

Прво бананата испасирајте ја, па компирот излупете го, измијте го и изрендајте го. Изренданиот компер гмечете го врз цедлика за да добиете сок од компир. Тој сок додадете го во испасираната банана и додадете ги 2-те лажици рицинусово масло. Убаво измешајте, па нанесете ја смесата на сува коса и оставете да делува еден час. Остранете ја со туширање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот