Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

epa09033613 German Foreign Minister Heiko Maas speaks at the Foreign Ministry in Berlin, Germany, prior to his attendance of the virtual UN Human Rights Council in Geneva, Switzerland, 24 February 2021. EPA-EFE/MICHAEL SOHN / POOL

Германија е искрена во врска со ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан и дека затоа е важно, со поддршка интензивно да се продолжи по тој пат врз база на реформите, соопшти германското министерство за надворешни работи.

Германското МНР потсетува дека на европскиот пат од 2014 година постои и дополнителен формат „Берлински процес“, чија цел е приближување на Западен Балкан и ЕУ.

„Притоа станува збор за многу конкретни, практични чекори како што се основање на Регионална мрежа или создавање Единствен регионален пазар. Германската влада ова лето ќе биде домаќин на „Берлинскиот процес“ и се надева дека во Берлин ќе се одржи самит со лично присуство на лидерите од земјите учеснички“, додава министерството.

„Ветувањето на Германија, нашето ветување стои: Иднината на земјите од Западен Балкан е во Европската унија. Германија е и ќе остане близок партнер на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи го и „Берлинскиот процес“. За тоа, како и за многу други важни теми ќе стане збор во разговорите на министерот Хајко Мас и државниот секретар Михаел Рот во наредните две седмици“, стои во соопштението.

Се потсетува дека и паралелно со тие разгвори, почнува и посетата на Западен Балкан на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

„Пред само неколку денови, американскиот Стејт департмент ја подвлече поддршката на САД за дијалогот под водствот на ЕУ, чија цел е нормализација и сеопфатен договор за взаемно признавање. Изборот на Џо Бајден за претседател на САД исто така пружа шанса за трансатлантски и одличен настап на Западен Балкан во корист на помирувањето, демократијата и економскиот развој. Во тоа светло, новата американска администрација со право од Европа и Германија очекува да преземат поголема одговорност во своето непосредно соседство“, се наведува во соопштението од германското МНР.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот